ДЗС со два авиона интервенира на пожарот кај Каласлари

Од:

Поради интензивирање на пожарот кој од вчера избувна во велешкото село Каласлари, Дирекцијата за заштита и спасување и денеска е активна и интервенира со два авиона.

Од ДЗС информираат дека досега се извршени шест интервенции и се исфрлени 30 тони вода.

Станува збор за пожар од поголеми размери при што е зафатена шума црн бор. Пожарот денеска е локализиран и изгасната е површина од 60 хектари.

Од ДЗС потенцираат дека, ова е навистина ран период за справување со пожари, знаејќи го фактот дека допрва следува летото, кога пожарите избувнуваат најчесто поради топлото време.

– Околу 90 отсто од пожарите во Скопје се предизвикани од човечки фактор. Има дел несовесни граѓани што палат стрништа и трева, но работата може да излезе надвор од контрола, особено кога има ветровито време. Организирани групи, смислено ги опожаруваат шумите и ливадите за да дојдат до евтино огревно дрво, кое подоцна двојно поскапо го продаваат, или пак за да дојдат до нови пасишта за својот добиток, се наведува во соопштението од ДЗС.

Потенцираат дека покрај одговорноста на инспекциските и земските служби, одговорно треба да се однесуваат и граѓаните, бидејќи, како што се наведува во соопштението од ДЗС, покрај опасноста од човечки жртви, постои опасност за уништување и на животната средина која е важна за секој еден поединец.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уште чади кај запалениот објект во Трубарево, повторно горело во Дрисла

Катерина Ѓуровски

Скопјани и утрово се разбудија во силна, непријатна миризба

Тошковски: Нема радијациско зрачење од пожарот во Трубарево, а над 400 метри од центарот на жариштето не е измерена загаденост

Предраг Петровиќ

Ѓорѓиевски од Трубарево: Ова што се случува е злосторство против народот, против луѓето на Скопје

Се делат заштитни маски во Трубарево, приведен сопственикот на фабриката

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС