ДЗС: Оваа седмица попишани вкупно 32752 лица од дијаспората

Од:

Во текот на првата седмица од најголемата статистичка операција попишани се вкупно 32752 лица од дијаспората, информира Државниот завод за статистика (ДЗС).

ДЗС појаснува дека секојдневно го следи процесот и е во постојана комуникација со македонските иселеници. Како што посочија во соопштение, проблемот со ненавременото добивање на повратна порака за влез во апликацијата е надминат и апликацијата беспрекорно функционира.

-Бројот на попишани расте секој ден. Самопопишувањето за едно лице трае само 10 минути и воопшто не е сложено. Ги охрабруваме и мотивираме иселениците да одвојат кусо време и да се самопопишат, се наведува во соопштението на ДЗС.

Како што посочуваат, иселениците можат да се самопопишат до 21 април.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Претходната влада донесе одлука да ја избрише методологијата на пописот

ВЛЕН: Ќе ги тужиме Државниот завод за статистика и раководни лица во врвот на поранешната Влада за пописот

Пописот не смее да биде политичка тема, потребна ни е вистинска бројка, вели премиерот Мицкоски

ВРЕДИ: Бришењето на дијаспората од пописот е тешко предавство, ДУИ не може да се крие зад молкот

Движењето ЗНАМ – за наша Македонија го поддржува предлогот на премиерот Мицкоски за електронски попис на населението

Пратеникот Реџепи ja оспорува Методологијата за пописот oд 2021 година

Горан Наумовски