ДЗС: Надојдените води се повлекуваат, нема опасност од поплави

Од:

Состојбата со водотеците и акумулациите е стабилна на целата територија на Република Македонија. Надојдените води се повлекуваат, а дополнително стабилизирање се очекува со оглед на најавите за намалување на врнежите.

Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека браната Кнежино прелева и водата се влива во Злетовска Река, а поради недоволан пропусна моќ на некои од мостовите водата се излева на патните правци и земјоделските површини.

Ангажирана е една градежна машина за уредување на коритото на Злетовска Река и за отстранувње на другите критични места.

Злетовска Река е излеана кај селото Новоселани, Кочанско, при што се поплавени оризови полиња. Ангажирани се две градежни машини за расчистување на коритото.

На барање на локалната самоуправа, од страна на ДЗС е ангажирана уште една градежна машина за расчистување на коритото на Злетовска Река кај селото Жиганци.

Во Кумановско во изминатото деноноќие дојде до зголемување на нивото и излевање на реката Кумановска кај селото Доброшане при што се поплавени 20 хектари земјоделска површина.

Крива Река е излеана кај селото Довезенце при што се поплавени 10 хектари.

Во Кривопаланечко нема излевања на реките и поплавување. Нивоата на Крива Река и Дурачка Река е се нормализирани и стабилни, а на улица „Ристена Гогова“ во Крива Паланка има појавено помало свлечиште, но куќата е стабилна и нема оштетување.

Нормализирано е нивото на водотеците и во општините Радовиш и Штип. На барање на локалната самоуправа, Дирекцијата за заштита и спасување даде 1.000 вреќи за песок за изградба на заштитен насип на бунарите кај реката Брегалница.

Од Дирекцијата за заштита и спасување посочуваат дека се постојано присутни на терен и ја следат состојбата.

Доколку состојбата со поплавите се влоши Дирекцијата за заштита и спасување ќе ангажира дополнителна градежна механизација од фирмите со кои има склучено договори, по предходна одлука на Владата на Република Македонија.

Дирекцијата има склучено договори со 44 фирми кои располагаат со различни видови и типови градежни машини.

Би можело да ве интересира

Поплавена Токсикологија – пукнала цевка од парно

Анита Петровска Рајковиќ

Поплава во Дубаи – затворен аеродром поради рекордни врнежи

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он