А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ДЗС на 20 јули ќе објави конкурс за попишувачи и инструктори за претстојниот попис

by А1он14/07/2021 - 12:10211
Share0

Конкурсот за избор на реонски попишувачи и инструктори за претстојниот попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021, ќе биде објавен на 20 јули и ќе трае до 5 август, информираа денеска од Државниот завод за статистика.

Добивај вести на вибер

Државниот завод за статистика ги интензивира организациските подготовки за претстојниот Попис 2021 кој ќе се спроведе од 5 до 30 септември.

– Со цел навремено да се изберат потребните реонски попишувачи и инструктори и да се остави доволно време за нивна обука, ДЗС го објавува Конкурсот со кој ќе се бараат 5 055 реонски попишувачи и 508 реонски инструктори за 50-те пописни реони. Условите се: кандидатите да се полнолетни државјани на Република Северна Македонија, да не се вработени, да имаат завршено најмалку средно образование и да поседуваат компјутерски вештини. Пријавувањето ќе се врши преку веб-апликацијата која ќе биде поставена нa веб-страницата Popis2021.stat.gov.mk, a документите ќе се доставуваат по пошта до Државниот завод за статистика, или кандидатите ќе можат да ги донесат на денот на закажаното тестирање во комисиите на пописните реони, се вели во соопштението од ДЗС.

Од ДЗС ги повикуваат сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите, да се пријават на конкурсот и да дадат свој придонес во успешното спроведување на оваа најголема статистичка акција.

popis

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Претходната влада донесе одлука да ја избрише методологијата на пописот

Горан Наумовски03/07/2025 - 18:25

ВЛЕН: Ќе ги тужиме Државниот завод за статистика и раководни лица во врвот на поранешната Влада за пописот

Горан Наумовски02/07/2025 - 14:18

Пописот не смее да биде политичка тема, потребна ни е вистинска бројка, вели премиерот Мицкоски

Горан Наумовски02/07/2025 - 13:39

ВРЕДИ: Бришењето на дијаспората од пописот е тешко предавство, ДУИ не може да се крие зад молкот

Катерина Ѓуровски30/06/2025 - 12:28

Движењето ЗНАМ – за наша Македонија го поддржува предлогот на премиерот Мицкоски за електронски попис на населението

Горан Наумовски28/06/2025 - 13:46

Пратеникот Реџепи ja оспорува Методологијата за пописот oд 2021 година

Горан Наумовски29/10/2024 - 12:4629/10/2024 - 12:46
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен