ДЗР: Сите медиуми кои учествувале во покривање на изборниот процес да поднесат Извештај за рекламниот простор до 13 ноември

Од:

Државниот завод за ревизија ги известува сите радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (електронските портали) во Република Северна Македонија кои имаат земено учество во медиумското покривање во вториот круг на изборниот процес за Локални изборите 2021 година дека се должни до 13 ноември 2021 година да поднесат Извештај за рекламниот простор искористен од секој од учесниците во изборната кампања и средствата кои се платени или се побаруваат по таа основа согласно одредбите од член 85-а од Изборниот законик.

Од ДЗР информираат дека образецот за извештајот е пропишан со Правилникот за образецот на извештајот за рекламен простор искористен од секој од организаторите на изборната кампања и средствата кои се платени или се побаруваат по тој основ и е објавен на официјалната веб страна на Државниот завод за ревизија www.dzr.mk, во табот Локални избори 2021, во подтаб законски акти.

Извештај за рекламниот простор искористен од секој од учесниците во изборната кампања и средствата кои се платени или се побаруваат по таа основа потребно е да се достави до архивата на Државниот завод за ревизија на адреса: ул. „Павел Шатев“ бр. 2, Палата „Емануел Чучков“ Скопје, или по електронски пат на службената електронска адреса на ДЗР односно [email protected] испратен од емаил адресата на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (електронските портали) впишани во Регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) донесен од Државната изборна комисија.

Државниот завод за ревизија, за таа цел, информира дека на ден 13 ноември ќе обезбеди редовно работење на Архивата за прием на извештаите заклучно со 24:00 часот, а истовремено ќе овозможи и електронски прием на истите на службената адреса на ДЗР [email protected].

Согласно одредбите од член 189-а став 1 од наведениот закон, од ДЗР посочуваат дека пропишана е Глоба во износ од 4.000 евра во денарска противвредност која ќе им се изрече за прекршок на радиодифузерот или печатениот медиум кој нема да поднесе извештај за рекламниот простор искористен од секој учесник во изборната кампања и средствата кои се платени или се побаруваат по таа основа, најдоцна 15 дена по денот на завршувањето на изборната кампања, како и глоба во износ од 500 до 1.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на одговорниот уредник.

Би можело да ве интересира

Клиниката за очни болести наплатила 65.000 евра помалку за болничко лекување од 1.579 пациенти, утврдија ревизорите

Орце Костов

Детска клиника: Ревизијата е за 2022 година, за 2024 ќе се обезбеди трикафта за сите

Орце Костов

Трикафта има само за 15 од вкупно 140 пациенти со цистична фиброза

Орце Костов

За десет години изградени помалку од 40 километри од автопатот Кичево-Охрид за што се потрошени 430 милиони евра, утврди ревизијата на ЈПДП

Орце Костов

Апаратите за магнетна резонанца не се искористени, нема доволно кадар – извештај на ревизорите

Ревизорите нашле низа неправилности и неусогласености во Министерството за животна средина