Џафери-Звиздиќ: Односите меѓу Македонија и БиХ бележат постојан прогрес

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денешната средба со претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, г. Денис Звиздиќ, ја оцени како продолжение на добрата и пријателска соработка меѓу двете земји и притоа го поздрави и денешното потпишување на Спогодбите помеѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина, како предуслов за уште посилна и посестрана соработка во повеќе области.

Џафери со својот гостин го сподели неговото убедување дека ратификацијата на овие договори ќе помине без никаков проблем во Собранието на Република Македонија, затоа што усвојувањето на овие договори е пред сè во корист и заемен интерес на граѓаните на двете пријателски земји.

Во продолжение, претседателот на Собранието истакна дека е силно фокусиран на својата должност и дека во насока на интензивирање на парламентарната соработка, упатил покана до колегите претседавачи на двата дома на Парламентот на БиХ да ја посетат оваа година Република Македонија, во периодот кој ќе им го дозволи агендата.

Претседателот на Собранието Џафери го потенцираше фактот дека Република Македонија по завршувањето на политичката криза е силно фокусирана кон евроатланските интеграции, и во таа насока изрази оптимизам дека очекува придвижување кон изнаоѓање прифатливо решение околу спорот со името со Република Грција, како и позитивен и безусловен извештај од Брисел за напредокот на Република Македонија.

Претседавачот со Советот на министри на БиХ, г. Денис Звиздиќ, се заблагодари на можноста за средба со претседателот на Собранието на Република Македонија и на топлиот и пријателски прием во нашата земја, и со задоволство констатираше дека односите меѓу двете страни бележат постојан прогрес и токму денешното потпишување на Спогодбите меѓу двете земји, како што истакна Звиздиќ, е вистински показател на таа соработка на која работат интензивно двете држави.

Високиот гостин од Босна и Херцеговина на средбата ја истакна потребата од јакнење на регионалната економска соработка, како и потребата од сообраќајното авионско поврзување помеѓу Скопје и Сараево, со што ќе се олесни комуникацијата меѓу бизнисмените и стопанствениците на двете страни.

Исто така, г. Звиздиќ ги посочи двете земји како пример за добра соработка во повеќе области во регионот и нагласи дека нашите земји на Балканот немаат подобра алтернатива од ЕУ, и, во таа насока, ја истакна високата поддршка која граѓаните на БиХ ја даваат за интеграцијата во ЕУ.

На крајот на средбата, двајцата соговорници се согласија дека ќе продолжат да работат заеднички кон евроинтегрирањето и ќе продолжат да бидат пример во регионот.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски