Џафери во работна посета на Романија и Литванија

Од:

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, од утре ќе престојува во дводневна работна посета во Романија и Литванија, во придружба на пратеникот Панчо Минов.

Целта на овие патувања е присуство на чинот на ратификација на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО во Парламентот на Романија, што е најавено за 13 март 2019 година и во Сејмот на Литванија, најавено за 14 март 2019 година, каде и ќе се обрати пред пратениците на Сејмот на Литванија.

Во рамките на овие работни посети претседателот Џафери ќе има и билатерални средби со домаќините и со други државни претставници од Романија и Литванија.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on