Џафери во официјална посета на Словенија

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, од 10 до 12 февруари 2019 година ќе биде во официјална посета на Република Словенија.

Во состав на Делегацијата предводена од претседателот на Собранието ќе бидат и членовите на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Словенија, Фросина Ташевска – Ременски, потпретседател на Собранието на Република Македонија и член на Групата за соработка, Нада Ципушева, претседател на Групата за соработка со Парламентот на Република Словенија и Шпреса Хадри, исто така член на Групата за соработка.

Во рамките на официјалната посета, претседателот на Собранието на Република Македонија ќе се сретне со претседателот на Државниот Збор на Република Словенија, Дејан Жидан, со претседателот на Република Словенија и претседателот на Владата на Република Словенија.

Покрај тоа, ќе се сретне со членовите на Комитетот за надворешна политика, Комитетот за ЕУ работи, Комитетот за одбрана, Групата на пријателство со Република Македонија и со министерот за надворешни работи на Република Словенија.

Во Програмата за посета е предвидено и обраќање пред пратениците на Државниот Збор и средба со координаторите на пратеничките групи.

Би можело да ве интересира

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи