Џафери во официјална посета на Чешка

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, на покана на претседателот на Претставничкиот дом, Радек Вондрачек, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Република Чешка.

Во придружба на претседателот на Собранието ќе бидат претседателката на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Чешка, Јагода Шахпаска и членките на Групата за соработка, Владанка Авировиќ и Теута Билали, соопшти собраниската прес-служба.

Во рамките на посетата на Џафери предвидени се билатерални средби со државниот врв на Република Чешка.

Претседателот Џафери и делегацијата ќе остварат средби со премиерот на Република Чешка, Андреј Бабиш; со претседателот на претставничкиот дом, Радек Вондрачек; како и средби со претседателите на Комисијата за надворешни прашања на Домот на пратеници во Парламентот на Република Чешка.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање