Џафери во дводневна посета на Србија

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, од денеска ќе престојува во дводневна посета на Србија.

Во придружба на претседателот на Собранието ќе бидат и членовите на Пратеничката група за соработка со Собранието на Република Србија: Иван Стоиљковиќ, претседател на групата; Илија Николовски, член на групата и Мирсада Емини Асани, исто така член на групата за соработка.

Во рамките на официјалната посета, претседателот на Собранието ќе се сретне со претседателот на Народното Собрание на Република Србија, Маја Гојковиќ, со претседателот на Владата на Република Србија, Ана Брнабиќ и со членовите на Групата за соработка во Народното Собрание на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он