Џафери со честитка за Водици

Од:

Собранискиот спикер Талат Џафери преку писмо го честиташе празникот Водици на православните граѓани.

„Дозволете во име на Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име, да упатам честитки по повод големиот празник, Богојавление – Водици и да Ви посакам празникот да го дочекате пред сѐ во добро здравје, во мир, спокој, семејна благосостојба и напредок.
Нека водата која дава живот, која храни и негува, расте и развива, протече лесно и брзо. Нека биде бистра и моќна. Нека биде силата која ќе не обедини како граѓани, како соседи, пријатели и соработници. Да бидеме заедно и едногласни, придонесувајќи за целта која ја посакуваме и заслужуваме – Република Северна Македонија, напредна, успешна и полноправна членка на европското семејство на народи. Нека овој празник ги растера темните и неизвесни облаци, нека ги облагороди мислите и поттикне солидарност, сочувство и искреност во секој од нас. Мудро, зрело и одговорно да ги надминеме предизвиците што ги носи иднината за да обезбедиме мир, напредок и благосостојба за граѓаните и за Република Северна Македонија. Нека е за многу години празникот“, напиша Џафери во честитката

Би можело да ве интересира

Досега 140 пријавени за фаќање на крстот во Вардар на мостот „Слобода“ во Скопје

Уставен суд го одби барањето на Апасиев против Џафери

Катерина Ѓуровски

Левица: По иницијатива на Левица Антикорупциска го казни Таљат Џафери

Мартин Гоџоски го фати крстот во Охрид

Катерина Ѓуровски

Посебен сообраќаен режим во Скопје за Водици

Пријавени над 220 граѓани кои ќе се обидат да го фатат крстот во реката Вардар во Скопје