Џафери: Службени станови или кирии ќе бидат решение за патните трошоци

Од:

Собранието ќе набави четири нови возила, а средствата за тоа се предвидени со новиот буџет, најави на денешниот брифинго со новинарите, претседателот на парламентот, Талат Џафери. Спикерот истакна дека Собранието не е самостојно во функционирањето односно дека возилата се користат заеднички со Владата и затоа ќе се набавуваат нови за потребите на парламентот.

„Голф 2 и пик-ап. Тоа се двете единствени возила на Собранието. Ако тоа треба да биде лицето на Собранието, тогаш сликајте го“, рече Џафери.

Претседателот на Собранието зборуваше и за патните трошоци, при што рече дека една од опциите за нивно намалување е патниците кои се надвор од Скопје да добијат службени станови.

Во однос на патните трошоци, од инсистутот го добив извештајот, ќе ги видам пресметките. Една од варијантите е пратениците кои се надвор од Скопје, односно патуваат повеќе од 50 километри да добијат службени станови или пак да им се плаќаат кирии“, вели Џафери.

Претседателот на парламентот исто така подвлече дека не е во ред да се казнат сите пратеници доколку некоиј од нив ги злоупотербил патните трошоци.

„Кога ги гледате патните трошоци, вас ви се чини дека со куп пари си отишле дома. Не е така. Ако хипотетички некој злоупотребил, а да ги казниме сите, тоа не оди. Државата формирала надзорна институција која го контролира буџетите. Трошоците се реални. Ова е пркса насекаде во светот“, додава Џафери.

К. Ландов

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он