Џафери се сретна со претставници на Национален демократски институт

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонја Талат Џафери денеска имаше средба со Кен Волак, претседател на Американскиот национален демократски институт (НДИ), Роберт Бенџамин, регионален директор на НДИ од САД за Европа и Крис Хеншоу, директор на НДИ за Македонија.

Како што соопшти собраниската прес-служба, на средбата беше изразено обострано задоволство од обемот на долгогодишната успешна соработка која ја имаат Собранието на Република Македонија и НДИ, како и интенцијата за нејзино понатамошно продлабочување и уште поголемо интензивирање на активностите во периодот што следи.

– Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, изрази благодарност за многубројните покренати иницијативи за соработка, меѓу кои и отворањето на Парламентарниот институт, при што од страна на Волак беше нагласено дека НДИ останува и понатака отворен за реализација на идните проекти и за парламентарна соработка, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање