Џафери се сретна со министерот на Косовските безбедносни сили

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, денеска го прими министерот на Косовските безбедносни сили на Република Косово, Рустем Бериша кој престојува во официјална посета на Република Македонија.

На средбата двајцата соговорници разговараа за односите меѓу двете соседни и пријателски земји, можностите за нивно продлабочување и заедничките аспирации за членство во НАТО и ЕУ.

Заемна беше констатацијата дека владите имаат обврска добрите односи меѓу двете земји да ги преточат во реални политики, со кои ќе се овозможи дополнителен напредок во севкупната соработка.

Високиот гостин го запозна претседателот Џафери со текот на процесот за трансформација на сегашните Косовски безбедносни сили истакнувајќи дека по завршената трансформација, овие сили ќе придонесуваат за мирот и безбедноста на целиот регион.

Министерот Бериша зборуваше и за активностите во областа на развојот на соработката со Министерството за одбрана на Република Македонија, која ја оцени како мошне позитивна и динамична, со перспектива за нејзино унапредување.

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он