Џафери се сретна со азербејџанскиот амбасадор Багиров

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери денеска се сретна со вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Азербејџан во Република Македонија, Фаик Багиров.

Џафери, соопшти собраниската служба за информирање, изразил задоволство за реализација на средбата со претставник на земја пријател и поддржувач на Република Македонија, со која се воспоставени билатерални односи уште од 1995 година под уставното име и за поддршката на Република Азербејџан на билатерално и мултилатерално ниво.

Бил изразен интерес за интензивирање на билатералните контакти на сите нивоа, вклучително и на парламентарно ниво, имајќи го предвид фактот што во Националното собрание на Азербејџан има воспоставено парламентарна група за соработка со Парламентот на Република Македонија, како и во повеќе области како енергетика, туризам, зголемување на трговската размена и други области од заемен интерес за двете држави.

Во однос на барањето упатено до шефот на нашата Делегација во ПС на ОБСЕ од страна на потпретседателот на ПС на ОБСЕ, Азај Ѓулиев, за потпишување на Протокол за формирање на „Група за поддршка на Патот на свилата” во рамките на ПС на ОБСЕ, а која ја потпишаа сите земји кои беа присутни на состанокот во Минск, Џафери го информирал соговорникот дека поради немање парламентарна делегација на состанокот, документот не бил потпишан од наша страна и дека тоа ќе биде направено на следниот состанок на ПС на ОБСЕ во Андора.

Амбасадорот Багиров му упатил честитки на Џафери за неговиот избор и му врачил писмо од претседателот на Националното собрание на Азербејџан, Октај Асадов со официјална покана за посета. Република Азербејџан е меѓу првите држави што ја признаа Република Македонија под уставното име и во континуитет ја искажува поддршката за негување и интензивирање на билатералните односи и за зголемување на заемната економска соработка.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски