Џафери се сретна со амбасадорот на Словенија Јазбец

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери денеска се сретна со словенечкиот амбасадор во Република Македонија, Милан Јазбец.

Како што соопшти Кабинетот на Џафери, Јазбец му врачил официјална честитка на Џафери од претседателот на словенечкиот парламент за изборот на функцијата претседател на Собранието и изразил искрени очекувања дека досегашните високо развиени билатерални односи меѓу Република Македонија и Република Словенија ќе продолжат.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, заблагодарувајќи се на честитката, изразил уверување дека билатералните односи ќе продолжат во нагорна линија и тоа на сите полиња.

– Осврнувајќи се на немилите настани од 27 април и на актуелната состојба, претседателот Џафери истакна дека тој лично ќе се заложи за враќање на институционалниот интегритет на Собранието и на јакнење на довербата на граѓаните во оваа институција. Тој очекува претседателот на државата да ја исполни својата уставна обврска и да го даде мандатот на носителот на парламентарното мнозинство, со што ќе се отворат процесите за конституирање на собраниските тела, а со тоа и формирање на новата влада. После тоа, приоритет ќе бидат измените на Изборниот законик и продолжување на мандатот на сегашната локална самоуправа, до есента кога, се надева, ќе се одржат локални избори, стои во соопштението.

Амбасадорот, како што соопшти Кабинетот на Џафери, подвлекол дека повеќедецениските односи на разбирање и пријателство помеѓу двете држави и блиските релации меѓу нашите граѓани, претставуваат голем капитал и инвестиција во иднината.

– Република Словенија и понатаму ќе ја дава својата јасна и силна поддршка на Република Македонија во процесите на евроатлантското интегрирање. Паралелно, ќе продолжат да се негуваат и развиваат парламентарната соработка и парламентарната дипломатија, како и економските и културните односи, стои во соопштението.

Претседателот на Собранието, Џафери, на средбата најави дека тој лично ќе го покани својот колега, претседателот на словенечкиот парламент да дојде во официјална посета на Република Македонија, со што ќе се даде значаен импулс, како во развојот на билатералните односи, така и во регионален и европски контекст.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Милошоски: Измени на Кривичниот законик за намалување на ризиците поврзани со членството во СЕПА

(ВИДЕО) Опозицијата го критикува вториот ребаланс на Буџетот: Висок дефицит и намалени капитални инвестиции

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Катерина Ѓуровски

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска