Џафери се сретна со амбасадорoт на Куба

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери денеска се сретна со амбасадорoт на Република Куба Педро Пабло Сан Хорхе Родригез, на која биле потенцирани пријателските односи меѓу двете земји и потребата истите во иднина да зајакнуваат и да се продлабочуваат.

Џафери, како што информираат од неговиот кабинет, го информирал кубанскиот амбасадор дека во Собранието е формирана Парламентарна група за соработка со земјите од Латинска Америка и Карибите, и истакнал дека ќе даде свој придонес во зајакнување на парламентарната соработка меѓу двете страни.

Спикерот Џафери ја нагласил добрата мултилатерална соработка, особено во рамките на ООН, како и поддршката што Република Македонија ја дава кон усвојување на Резолуција во Генералното собрание на ООН за укинување на санкциите кон Куба од страна на САД.

Џафери, исто така, го поддржал потпишувањето на „Меморандумот за соработка“, меѓу Министерствата за надворешни работи на двете земји и изразил надеж дека во наредниот период ќе бидат потпишани и други билатерални договори во областа на економската и културна соработка.

Кубанскиот амбасадор Родригез, го искажал своето задоволство и благодарност за средбата со претседателот на Собранието и изрази надеж дека оваа прва средба ќе биде поттик за проширување и зајакнување на идната соработка меѓу двете страни.

Родригез ги пренел поздравите од претседателот на Кубанскиот парламент, како и отворената покана до претседателот Џафери да ја посети Република Куба во наредниот период.

Амбасадорот на Куба ги нагласил пријателските политички и дипломатски односи меѓу Македонија и Куба, особено соработката во рамките на ООН и потенцирал дека Куба ја цени поддршката од Македонија за усвојување на Резолуцијата во рамките на ООН за укинување на санкциите кон Куба од страна на САД.

На крајот и двајцата соговорници, изразиле согласност дека во периодот којшто следува ќе работат кон продлабочување на заемната соработка.

Би можело да ве интересира

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он