Џафери се сретна со косовската пратеничка Баље

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери денеска имаше средба со Дуда Баље, претседателка на Комисијата за човекови права, родова еднаквост, исчезнати лица и петиции од Република Косово и нејзините членови.

Џафери истакнал дека средбите на парламентарно ниво претставуваат основа за понатамошно продлабочување на добрите билатерални односи меѓу двете земји.

Претседателот на Собранието ги информирал членовите на Комисијата за активностите на Собранието за главниот фокус на саканите измени во функционирањето на Собранието, со една единствена цел, а тоа е враќање на вистинската, со Устав утврдена, улога на законодавната власт, која во своето функционирање треба да биде независно од финансиски, безбедносен и од аспект на посебен закон за собраниската служба која по начинот на работење се разликува од останатата администрација.

Џафери, како што се наведува во соопштението, зборуваше и за ангажманот на Владата во постигнување на добрососедски односи со сите соседи, посочувајќи на потпишувањето на Договорот со Бугарија, како и неодамнешното постигнување на заемно прифатливо решение за спорот со името со Република Грција, и сето тоа во насока на исполнување на потребните предуслови за добивање на покана за полноправно членство во ЕУ и НАТО, што се утврдени стратешки цели на Република Македонија уште од осамостојувањето.

Пратеничката од косовскиот Парламент Баље, се заблагодари за континуираната поддршка што Република Македонија и ја дава на Република Косово, во нејзините напори за етаблирање на меѓународната сцена, а особено за парламентарната поддршка. Таа изрази желба и надеж ваквата соработка да продолжи и во иднина со уште поголем интензитет, а Групите за пријателство во двата Парламента да бидат добра основа за развивање на тие односи, за размена и добивање на искуства.

Со оглед на тоа што, како што рече Џафери, меѓу двете земји е изградена богата нормативно-правна рамка, а покрај тоа врските помеѓу граѓаните од двете страни се на повеќе нивоа, нема никаква пречка за унапредување на економската соработка и трговската размена и на крајот на средбата, соговорниците се согласија дека ќе продолжат со остварување на редовните контакти и редовните заемни посети.

Би можело да ве интересира

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра