Џафери-Ручи: Албанија е силен поддржувач на Македонија

Од:

На покана од претседателот на Собранието на Република Албанија, Грамоз Ручи, делегација предводена од претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери е во официјална посета на Република Албанија. Во состав на делегацијата се пратениците кои се воедно и членови на Групата за соработка со Парламентот на Албанија, Ејуп Алими, Бети Рабаџиевска Наумовска и Реџеп Мемеди.

Претседателот на Собранието беше дочекан со високи државни почести на аеродромот во Тирана, а првата средба на оваа официјална посета се оствари со домаќинот Ручи.

Тој рече дека Албанија е силен поддржувач на Македонија во однос на интеграцијата на земјата во НАТО. Што се однесува до евроинтеграциските процеси, двете земји треба взаемно да се поддржуваат бидејќи иднината на целиот регион е влез во големото европско семејство.

„Претседателот Џафери истакна дека, за него претставува особена чест да оствари официјална посета на пријателска Албанија, со која имаме одлични билатерални и мултилатерални односи и потенцираше дека парламентарното мнозинство се залага за добрососедска политика и евроатланска интеграција. При тоа, ја поздрави поддршката што Република Албанија како членка на НАТО и ја дава на Република Македонија“, соопшти собраниската прес-служба.

Ручи истакнал дека се посветува посебно внимание на малцинствата кои живеат во Албанија, а за тоа добар пример е македонското малцинство во Пустец.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги