Џафери – Предан: Продолжува словенечката поддршка на С. Македонија

Од:

Претседателот на Собранието Талат Џафери, денеска имаше средба со новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Словенија во Република Северна Македонија, Милан Предан.

Амбасадорот Предан му упати честитки на претседателот Џафери од страна на претседателот на Државниот збор на Република Словенија, Игор Зорчич, и во негово лично име, за повторниот избор за претседател на Собранието и за неговиот придонес во стабилизацијата на состојбите во државата во изминатите години.

Тој, како што соопштуват од осбраниската прес-служба, истакнал дека поддршката која Република Словенија во континуитет и ја дава на Република Северна Македонија ќе продолжи и во иднина. Посочил дека во рамките на словенечкото претседателство со Советот на Европската унија од 1 јули следната година, Словенија планира да организира конференција ЕУ – Западен Балкан, на тој начин демонстрирајќи дека во фокусот на своите приоритети го става процесот на проширување и членството на земјите од регионот во Европската унија.

На средбата, Џафери ги констатирал одличните односи меѓу двете земји и интензитетот на посети, како уште еден доказ за взаемниот интерес за унапредување на билатералната соработка. Тој исто така се заблагодарил за поддршката на Република Словенија на нашиот евроатлански интеграциски процес во изминатите децении.

Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните активности на Собранието и случувањата во однос на почетокот на процесот на преговори со Европската унија, како и за можностите за унапредување на соработката меѓу Собранието на Република Северна Македонија и Државниот збор на Република Словенија.

Би можело да ве интересира

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители