Џафери: Постигнавме многу во менување на перцепцијата на граѓаните за законодавниот дом

Од:

Работевме и постигнавме многу во насока на менување на перцепцијата на граѓаните за законодавниот дом. Потврда за тоа е и последниот извештај на Европската комисија, во делот за Собрание каде се нотира дека е постигнат напредок во спроведувањето на Стратешкиот план 2018 -2022, истакна претседателот на Собранието Талат Џафери на е-конференцијата за Отворен парламент, Акциски план за Партнерство за отворена власт 2012-2023.

Во своето обраќање, Џафери нагласи дека и во актуелната ситуација со Ковид -19, Собранието како институција се обидува да биде транспарентно и работи на нова веб страница за да се овозможи подобар проток на информации до граѓаните.

– За жал, реалноста која ја живее денес цел свет, е наметнатата реалност од КОВИД-19 и глобалната закана по здравствените и економските столбови на секоја држава, без исклучоци, и тоа претставува огромен предизвик за задржување на овој дискурс со ориентирање кон виртуелно одржување на активностите а сепак квалитетна и ефикасна примена на уставната надлежност на законодавната власт. Заедно работиме на нова собраниска веб страница, ново собраниско студио, со цел да се овозможи подобар проток на информации за граѓаните, следствено и нивно поголемо учество во собраниските активности, во законодавниот процес, нагласи Џафери.

Додаде дека за Собранието од исклучителна ваност се и измените во Законот за Собрание со кои ќе се зајакне независноста на човечките ресурси. – Во таа насока е и изготвената функционална анализа, со цел ефективно и максимално добро искористување на постојните капацитети, со цел подобрување на функционалноста на институцијата. Со сите свои активности во насока на достапност за граѓаните преку најразлични модули и форми за нивно вклучување во работата на Собранието, успеавме да станеме поблиски, поотворени, подостапни и транспарентни во нашето работење, рече Џафери.

Потенцира дека остануваат посветени на Партнерството за отворена власт и оти во таа насока го започнуваат процесот за подготовка на новиот план 2021-2023.

Денешната виртуелна конференција за Отворен Парламент, Акциски план за Партнерство за отворена власт 2021-2023, се организира во рамки на Глобалната недела на отвореност на законодавството организирана од Е-мрежата за Отворен парламент.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on