(ВИДЕО) Џафери: Политичката ситуација е стабилна – мнозинство ќе има

Од:

Претседателот на Собранието, Талат Џафери вели дека законите имаат мнозинство, а проблемот е во пратениците што влегувале и излегувале од салата кога не треба. Според него, без оглед на опозицијата, од позицијата каде тој седел знаел дали има или нема мнозинство.

Џафери посочи дека координаторите треба да бидат повнимателни со пратениците, велејќи дека некогаш тие го тестирале да видат како тој ќе реагира.

„Без оглед на случувањата кај позицијата и опозицијата и последните со Алијанса на Албанците, политичката ситуацијата е стабилна. Мнозинство ќе има, во тоа сум убеден. Без оглед на можните дебати во Собранието, во работата ќе учествуват сите политички партии. Со таков однос, сите субјекти да придонесат и во однос на спорот со името, а со тоа членство во НАТО”, вели Џафери.

„Можам да трпам секаква ситуација, но битна е функционалноста на Собранието. Нови избори во 2018 не смее да се помисли да има, а не да има, по сè што ни се случи изминатава година. Нас во просек секоја година ни е нефункционална во однос на проекти, поради блокирање во целиот систем. До сега не можевме да работиме поради тоа што ни се случи во првиот дел од годината, затоа што немаше распишано избори. Помина годината. Нема логика за повторно да имаме избори”, вели Џафери.

К.Л.

Би можело да ве интересира

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он