Џафери на средба со парламентарци од Албанија

Од:

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска имаше средба со мешана делегација од Албанија, во чиј состав покрај актуелните пратеници во албанскиот Парламент, Таулант Бала и Васил Штерјоски, беа и градоначалникот на Општина Прењас, Нури Белба и бизнисменот Ѓерѓ Луца.

Разговорот, како што соопшти собраниската Прес-служба, се одвиваше во насока на взаемно споделување на искуствата од работата на двата законодавни дома и за начинот на прилагодување на работа на истите во ова време на пандемија, кога здравствените ризици наложуваат менување на воспоставениот начин и одржување на нормалното функционирање, со цел да не трпат последици ниту државата, ниту граѓаните.

Пратеникот Бала, кој што ја предводи делегацијата, ја образложи целта на мешаниот состав при што истакна дека, иако политичките односи и соработката меѓу двете земји се на одлично ниво, без отворени прашања и на сите нивоа, сепак, обемот на албански инвестиции во Северна Македонија е мал и токму затоа е со него градоначалникот на Општина Прењас, чии што жители активно работат во нашата земја, и бизнисменот Луца, кој што е отворен за нови соработки.

Џафери потврдил дека токму тоа е и улогата на политиката, да создаде услови за непречено движење на луѓето, стоките и капиталот, за крајно да имаат подобар живот граѓаните на двете земји.

Соговорниците споделиле размислувања и надежи во насока на непречено одржување на меѓувладините конференции на Европската комисија со Република Северна Македонија и Република Албанија, при што е суштинско да се искористи моментумот за време на актуелното германското претседателство, со што и официјално ќе се означи почетокот на преговорите за полноправно членство во Европската Унија.

Би можело да ве интересира

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието