Џафери на Парламентарно безбедносен форум во Вашингтон

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери на покана од американскиот конгресмен Роберт Питинџер учествуваше на Парламентарно безбедносниот Форум кој се одржа во американскиот Конгрес во Вашингтон.

На овој значаен парламентарен собир, учествуваа неколку претседатели на собранија, пратеници, министри и експерти од областа на спречување на финансирање на тероризам и перење пари.

Во фокусот на дебатата беа повеќе теми од оваа област, меѓу кои законската рамка за превенција и борба против финансирањето на тероризмот и перењето пари, важноста на споделување на информации меѓу државите и владините агенции за финансиско разузнавање, како и предизвиците што произлегуваат од брзиот технолошки развој.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање