Џафери на Конференцијата на претседатели на Парламенти на Европската унија

Од:

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери ќе учествува на Конференцијата на претседатели на Парламенти на Европската унија што ќе се одржи денеска и утре во Виена, Австрија.

Како што соопшти собраниската прес-служба, претседателот Џафери ќе се обрати на првата сесија на тема „Европската унија и нејзините соседи“.

Во рамките на настанот, ќе оствари и билатерални средби со потпретседателот на Националното собрание на Република Франција, Карол Биро-Бонар и со претседателот на Комисијата за европски прашања на Сенатот на Република Франција Жан Бизе, како и со претседателот на Националниот Совет на Словачка Република, Андреј Данко.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање