Џафери на конференција на претседатели на парламенти од Западен Балкан

Од:

Претседателот на Собранието Талат Џафери, на покана од претседателот на Унгарското национално собрание, Ласло Ковер, ќе се обрати на Осмата конференција на претседатели на парламенти од земјите на Западен Балкан што се одржува во Будимпешта.

Учесниците на конференцијата ќе се осврнат на темите „ЕУ интеграции: резултати и аспирации“ и „Безбедносната димензија на соработката во Западен Балкан: Придонес кон стабилноста на Европа“.

Претседателот Џафери ќе се обрати на темата „ЕУ интеграции: резултати и аспирации“.

Во рамки на конференцијата, претседателот на македонското Собрание ќе оствари и неколку билатерални средби со претседателите на парламентите од регионот.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада

Поништени огласите за членови на Судскиот совет од редот на Собранието и за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Собранието одлучи: Нафтената кризна состојба се продолжува до 20 јули