Џафери-Мојсиу: Односите меѓу двете земји постојано се подобруваат

Од:

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери денеска се сретна со поранешниот претседател на Република Албанија Алфред Мојсиу, кој е во Скопје по повод одбележувањето на 15-годишнината од трагичниот настан кај Мостар, во кој животот го загуби претседателот на Републиката Борис Трајковски.

Џафери се заблагодарил за покажаната почит кон ликот и делото на поранешниот претседател на Републиката и посочил дека тоа е потврда дека меѓу двете земји постои искрен пријателски однос, кој, како што рекол, од ден на ден е се поцврст и посилен, надграден со соработка на сите нивоа, како политички, така и економски, меѓутоа секако и пријателски и семејни врски меѓу граѓаните на двете земји.

Тој го информирал соговорникот дека по потпишувањето на пристапните протоколи за НАТО, очекувањата се во јуни оваа година да бидеме во позиција да добиеме и датум за пристапни преговори со ЕУ, тоа е нешто на кое се посветени сите прогресивни сили во земјата.

-Поранешниот претседател на Република Албанија се заблагодарил за можноста за средба со претседателот Џафери и ја искористи пригодата да упати честитки за големиот успех кој го постигнавме како држава во насока на надминување на повеќедеценискиот спор со Република Грција и укажа дека заемната комуникација и дијалог се единствениот начин на наоѓање на заемно прифатливи решенија и единствениот начин за целиот регион да има безбедна, напредна и економски стабилна иднина. Моделот на Северна Македонија е модел кој е пример за решавање и на останатите отворени прашања кои го оптоваруваат и усложнуваат заедничкиот напредок на целиот Западен Балкан, се вели во соопштението од собраниските прес-служби.

Двајцата соговорници ја потенцирале важноста од зајакнувањето на економската и трговска соработка меѓу двете земји, а и во целиот регион и изразија надеж дека регионалната соработка ќе се интензивира и продлабочува уште повеќе за доброто на сите граѓани.

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он