Џафери: Меѓу сите граѓани да надвладее мудроста, разбирањето и визионерството

Од:

Претседателот на Собранието, Талат Џафери упати честитка по повод големиот муслимански празник, Рамазан Бајрам.

„Задоволство ми е од мое лично име, и од име на пратениците на Собранието на Република Македонија, да упатам искрени честитки по повод големиот празник Фитер Бајрам, празник кој доаѓа веднаш по Рамазанските пости и е награда за индивидуалната пожртвуваност на верниците меѓутоа и за колективната взаемна солидарност и разбирање на сите граѓани без оглед на нивната етничка, верска или политичка припадност.

Посакувам овој празник да ве најде во добро здравје, во благосостојба во вашите домови и хармонија во семејниот круг. Ова се времиња на историски предизвик и искушенија за Република Македонија, и затоа посакувам меѓу сите граѓани да надвладее мудроста, разбирањето и визионерството. Заедно, сплотени, сме посилни, помудри и ќе бидеме ветер кој ќе ја носи Република Македонија во вистинскиот правец, а тоа е полноправно членство во НАТО и ЕУ, природен и цивилизациски дел од европското семејство и европските вредности.

Уште еднаш, дозволете да ви посакам убаво празнично расположение, добро здравје, успех и благосостојба во вашите домови. Честит празник и за многу години!“, стои во честитката на Талат Џафери.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Почна Рамазанскиот пост

Горан Наумовски