Џафери-Кахраман: Потврдено пријателството меѓу Македонија и Турција

Од:

Посетата на Турција е од особено значење за Македонија и претставува потврда за пријателските и братски односи на двете држави, порача претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери на средбата со неговиот колега турскиот спикер на Големото национално собрание на Турција, Исмаил Кахраман.

Џафери, кој е во официјална посета на Турција, рече дека Турција дава безрезервна поддршка на Македонија за евроатланските аспирации на нашата земја.

– Благодарам и за поддршката која Турција ја дава во мултилатералните напори и институции каде што нашата земја има потреба, истакна Џафери, јави известувачот на МИА од Анкара.

На средбата, која се поклопува со договорените вонредни избори во Турција, Џафери на Кахраман му посака успех на изборите и го покани во повратна посета.

Македонскиот спикер положи цвеќе на гробот на Кемал Ататурк во Мавзолејот и го посети Музејот на таткото на модерна Турција.

Би можело да ве интересира

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски