Џафери наместо Милошоски ја свика Комисијата за надворешна политика

Од:

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, како што се наведнува, согласно неговите овластувања ја свика Комисијата за надворешна политика, за денеска, со почеток во 11 часот и 30 минути.

Продолжението на седницата што досега беше неколкупати одложувано, го закажа претседателот на Собранието, наместо претседавачот на Комисијата Антонио Милошоски.

Членот 120 од Деловникот за работа на Собранието пропишува дека aко претседателот на работното тело не свика седница кога е должен тоа да го стори, седницата ја свикува претседателот на Собранието.

„Недозволиво е денешното повторно одложување на седницата на Комисијата, со образложение од претседателот на Комисијата дека пратениците согласно Деловникот се на одмор од 1 до 31 август, и дека претседателот Џафери, на средба со новинарите најавил дека од 1 август пратениците се на одмот. Член 5 од Деловникот е јасен, освен што го предвидел периодот за одмор, јасно во истиот член, став 1 потенцирал дека Собранието е во постојано заседание“, се вели во соопштението од Собранието.

На денешното продолжение ќе бидат претставени платформите за дипломатските активности на новите амбасадор на Македонија во Кралството Норвешка Серџим Мухамед; во Република Полска Васил Пановски; во Црна Гора Михајло Трпкоски и во Oбединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска Александра Миовска, како и за завршниот извештај на амбасадорото во Израел Пајо Авировиќ.

На седницата не е предвидено експозе за надворешната политика да има шефот на дипломатија Никола Димитров.

Седницата на оваа Комисија досега беше неколкупати одложувана поради инсистирањето на Милошоски пратениците да ги добијат класифицираните материјали од две лидерски средби одржани кај претседателот на Република Македонија.

Со Комисијата ќе претседава Ивана Туфегџиќ.

Би можело да ве интересира

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра