Џафери ја почна седницата во празна сала

Од:

Претседателот на Собранието, Талат Џафери вели дека денешната седница ќе се одржи иако нема кворум.

Тој рече дека седниците ќе се одржат и дека моментално имааат координации. Во пленарната сала има само 10 пратеници. На седницата на чиј дневен ред денеска треба да биде второто читање на предлог-законот за употребата на јазиците присутен е и министерот за правда Билен Салији.

Како што најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, опозициската партија не е во пратеничките клупи на денешната седница, на чиј дневен ред беше изборот на уставни судии и предлог-законот за употреба на јазиците.

Собранието требаше да расправа и за измените и дополнувањата на Законот за работните односи, прво читање, поднесен од 11.868 избирачи и неколку други закони и одлуки. На почетокот на денешната седница беше отворен претрес за предлогот за избор на Осман Кадриу за судија во Уставен суд, но немаше ниту пријавени за збор, ниту кворум за гласање.
К.Л.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги