(ВИДЕО) Џафери лут на пратениците: Седете море аман!

Од:

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, се налути на пратениците откако во првиот обид за гласање, во собраниската сала немаше доволен број на пратеници за да може да се изгласа одложувањето на примената за законот за пазарџии. Во собраниските клупи во тој момент седеа вкупно 54 пратенци.

По ова Џафери им се налути на пратениците кои дополнително влегоа во салата.

„Да излезат надвор тие што влегоа после гласање, не може да влегува кој како сака“, рече спикерот во Парламентот и ги повика пратениците доколку сакаат пауза уредно да побараат.

„Ги повикувам пратениците да си ја извршуваат функцијата за која се избрани“, рече Џафери.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Нокола Мицевски, рече дека од опозицијата ќе останат во салата заради кворум, иако тие барале целосно укинување на овој закон.

Гласањето беше повторено откако во салата влегоа пратеници и беа 72, со што беше донесена измена на законот со кој се одложува неговата примена.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он