Џафери: Хрватска е наш безрезервен поддржувач за ЕУ и НАТО

Од:

Република Хрватска е докажан пријател на Северна Македонија и бескомпромисен поддржувач на нејзината европска и евроатланска интеграција, факт што високо се цени и почитува. Собранието и во иднина ќе ги негува пријателските блиски врски со Саборот на Хрватска, особено преку интензивирање на меѓупарламентарната соработка на највисоко ниво, како и на ниво на пратенички групи за соработка со парламенти на одделни држави, истакна денеска претседателот на Собранието Талат Џафери на средбата со новоименуваната амбасадорка на Хрватска во РСМ, Нивес Тигањ.

Џафери изрази уверување дека оваа силна, пријателска и безрезервна поддршка ќе биде засилена за време на претстојното претседавање на Република Хрватска со Советот на Европската Унија идната година и ќе резултира со добивање датум за отпочнување преговори на мајскиот Самит во Загреб.

– Претседателот на Собранието истакна дека двете држави треба да вложат поголеми напори за зајакнување на економската соработка, туризмот и трговската размена, како значајни сегменти на општественото живеење, соопштија од кабинетот на Џафери.

Тој на средбата истакнал дека недонесувањето одлука за почеток на преговорите предизвикало големо разочарување кај граѓаните на Република Северна Македонија, нагласувајќи дека земјата и понатаму останува посветени на реформскиот процес.

– Истовремено, како држава остануваме посветени и на Берлинскиот процес, заедно со останатите земји од Регионот, за да покажеме силни заложби за реални резултати кои ќе имаат долгорочни позитивни ефекти, рече Џафери.

Амбасадорката Тигањ ги пренесе уверувањата на највисокото државно хрватско раководство за натамошна поддршка на европската и евроатланската интеграција на Република Северна Македонија, при што изрази надеж дека за време на претстојното претседавање на Република Хрватска со Советот на Унијата ќе се исправи неправдата кон земјата.

– Република Хрватска има 12 твининг-проекти со повеќе државни институции во Република Северна Македонија, преку кои се пренесува хрватското искуство и се помага во пристапниот процес на Република Северна Македонија кон Европската Унија, наведе Тигањ.

Како особена државотворна одлука со далекосежни позитивни последици на надоврешно политички план за земјата, таа ги оцени компромисните договори со Република Грција и Република Бугарија, со кои Република Северна Македонија стави крај на отворените прашања.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје