Џафери: Ахмети може да ја има која функција сака, но не е заинтересиран за претседател

Од:

Техничкиот премиер Талат Џафери вели дека неговиот лидер Али Ахмети, нема да биде кандидат за претседател на ДУИ.

„Ако сакал функција, можел да ја има која било. Ахмети нема да се кандидира за Претседател бидејќи тој има друга мисија, а не е претендент за функција колку што знам и мислам дека нема да прифати. Нема потреба тој да покажува кој е и колку е после 50 години свој придонес во нештата во оваа држава и за оваа држава и за граѓаните на оваа држава. “, рече денеска техничкиот премиер Талат Џафери.

Според Џафери, Ахмети нема амбиција за претседател туку за Европа.

“Ахмети има мисија. Негова мисија е Европа и ЕУ и работи на таа мисија. Не мислам дека му е приоритет натпреварувањето по однос на било која функција. Да сакал функција можел да ја има која сака функција во овие 20 години“ рече Џафери

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Нови пресметки во ДУИ, Ахмети, Груби и Османи повторно во центарот на внатрепартиските судири

Горан Наумовски

ВРЕДИ: Ахмети не знае која приказна да ја брани за Груби, нервозата во ДУИ расте

Горан Наумовски

Европскиот фронт се ребрендира во Национална алијанса за интеграција

Пропаднаа разговорите помеѓу Тачи и Ахмети

Ахмети: Јас и Албанците се залагаме за унитарна, заедничка и еднаква Македонија

Мицкоски со совет до Ахмети: Да гледаме во иднината, а не во минатото

Горан Наумовски