DW: Во Брисел веќе воопшто не сакаат да го примаат Груевски

Од:

„Во Брисел веќе вопшто не сакаат да го примаат македонскиот премиер Никола Груевски. Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во четвртокот искажа загриженост поради растечкото насилство во Македонија. Европа и меѓународната заедница со констернација гледаат на земјата, за која пред десет години уште се врзуваа надежи за политички и економски реформи на Балканот, а сега стана проблематичен случај“, пишува весникот „Тагесцајтунг“ (ТАЦ) од Берлин, пренесува „Дојче Веле“ на македонски.

Во текстот понатаму се известува за демонстрациите и „репресивните мерки на државата“.
„Од кругови на тајната служба и’ беа доставени на опозицијата снимки од прислушувања, кои таа постепено ги објавува“, пишува весникот објаснувајќи ги причините за настанатата ситуација.
Прислушувани се преку 100 новинари и повеќе од 20 илјади граѓани, цитиран е Зоран Заев.
„Тие постапки ја покажуваат поврзаноста меѓу премиерот, тајната полиција, и медиумите, како дел од еден систем кој го изградил премиерот со луѓето од доверба и со роднините“, се наведува во текстот.

Пренесени се и примери кои зборуваат за изборни манипулации, влијанија во медиумите при известувањето за апсењето на Љубе Бошковски, како и обвиненијата од опозицијата дека премиерот Груевски добил од кинеска фирма мито од 20 милиони евра.

„Владата не го оспори постоењето и вистинитоста на снимките. Но, таа се сокрива зад теорија на заговор“ пишува ТАЦ и го цитира Груевски дека прислушувањето било наредено од неидентификувана „странска тајна служба“.

Би можело да ве интересира

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба

Премиерот на Романија поднесе оставка

А1он

ДУИ: Владата продолжува со ограничување на употребата на албанскиот јазик

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски