Повеќе од двојно во однос на просекот за август е намалено нивото на реката Црн Дрим, покажува денешното хидролошкото мерење кај Ложани.
Според УХМР, речиси двојно е намалено и нивото на Сатеска кај Ботун и на Црна Река кај Новаци.
Намалувања, но минимални, бележат и водостоите на вардар кај Велес и кај Демир Капија, на Треска кај Македонски Брод, на Крива Река кај Крива Паланка, Црна Река кај Новаци и на Брегалница кај Берово. Виното, пак, на Струмица кај Сушево е исто со августовскиот просек.
Зголемувања за еден до два сантиметра има на Вардар кај Јегуновце и кај Скопје, Зајчев Рид, како и на Пчиња кај Катлановска Бања.