ВИДЕО: Двојазични табли со новото име на државата Владата ќе постави по изборите

Од:

Двојазични табли со новото име на државата на институциите и на Владата ќе бидат поставени по завршувањето на претседателските избори. Генералниот секратар на Владата, Драги Рашковски вели дека поради неможноста од распишување тендери за време на изборен процес согласно Изборниот законик, ќе се чека да завршат изборите за потоа да се објави тендер.

Тој додаде дека е задоволен од примената на Законот за употреба на јазиците и дека досега институциите речиси и да не правеле опструкции.

Најголема помош, како што рече Рашковски, ќе треба за новоформираната Агенција за спроведување на законот и првите кадровски решенија ќе бидат од Генералниот секретаријат. Тој додаде дека месец и половина од донесувањето на законот се потврдило дека тоа не е вовед во промена на државно уредување, туку се унапредиле правата на заедниците.

„Законот е на прав пат да го доживее своето светло”, додаде Рашковски.

Вицепремиерот Бујар Османи изјави дека најголем предизвик во примената на законот ќе биде преведувањето, бидејќи има институции со големи количини превод на дневна основа, се работи за вкупно 1 300 институции, а како пример го посочи преводот на документи во СЕП.

На денешната средба на меѓуресорската група, присусутвуваше и директорот на Агенцијата за јазиците Илбер Села, кој кажа дека донеле одлука и за простории за Агенцијата како и за кадровските прашања.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски