Дводневна обука за едукаторите на Академијата за судии и јавни обвинители

Од:

Во организација на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, а во соработка со француската Амбасада во Македонија, денеска и утре  во Скопје се одржува обука за обучувачите на Академијата.

Обуката, како што рече, директорката на Академијата, Анета Арнаудовска е од особено значење за јакнење на капацитетите на наставниот кадар на Академијата и е основниот стожер на нивната активност.

– Интензивно работиме на остварување на итните реформски приоритети на Прибе, а оваа обука е во рамки на еден од тие приоритети за јакнење на капацитетите на Академијата и на едукаторите, рече Арнаудовска.

Со обуката, како што додаде, треба да се зајакне наставниот кадар, особено во поглед на оспособување на предавачите да ја предаваат практично обуката со презентирање на судската пракса и да се добијат поквалитетни наставни материјали за да може да се оспособат судиите и обвинителите полесно овие знаења да ги применуваат.

Во смисла на тие итни реформски приоритети Академијата, како што рече Арнаудовска, досега има остварено неколку обуки на обучувачи во рамки на соработката со  француската Државна правосудна академија и со ИПА проектот 2010.

На обуката покрај судиите и јавните обвинители учествуваат претставници од управното судство, од Царинската управа, на полицијата и од невладиниот сектор.

Францускиот амбасадор во Македонија, Кристијан Тимоние во своето воведно излагање изрази надеж дека соработката со Академијата за судии и јавни обвинители, која постои од пред десет години, ќе продолжи и понатаму со цел за подобра правна држава што е еден од приоритетите за европска интеграција на Македониа.

– Тоа е еден од политичките приоритети на Франција за регионот, така што главните елементи на соработката се европското право и праксата, додаде Тимоние.

Истакна дека наредната недела на генералниот секретар во француското министерство ќе го претстави Акцискиот план на Амбасадата за наредните години, како и соработката со Академијата на судии и јавни обвинители, која е насочена кон консолидирање на правната држава.

Излагања поврзани со темата имаа експертите од Франција Кристијан Шомиен и Ан Мари Јулен Санчез.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Процентуално од БДП Македонија одвојува повеќе за правосудството и од далеку помоќни земји во Европа, а ефикасност и правда скоро и да нема

(ВИДЕО) Манасиевски: Јавноста не гледа подобрување на квалитетот на судските процеси, намалување на предмети или пак поголема отчетност

ВМРО-ДПМНЕ: Ако до Нова година нема чекори за борба против корупцијата за еклатантни примери на криминал ние ќе тргнеме во одлучна акција која ќе направи коренити промени во правосудството

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

СДСМ: Мицкоски зборува за мачнина од судството, а не почна ниту направи ниедна реформа

После локалните избори, треба една сериозна робусна акција да се направи во судството и обвинителството, вели Мицкоски

Горан Наумовски