Двочасовен прекин на сообраќајот на патот Кичево-Охрид

Од:

Поради изведување работи со минирање на патот А2 Кичево-Охрид, помеѓу планинскиот превој  Пресека  и  село Врбјани, денеска сообраќајот ќе биде во прекин во интервали од 15 до 20 минути помеѓу 12 и 14 часот, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Од 15-ти месецов стапи во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моментната временска состојба. Обврската ќе трае до 15 март следната година.

Би можело да ве интересира

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on