Движењето ЗНАМ за наша Македонија: Очигледно е дека СДСМ во крајна безидејност и очајност во понудата на програмски решенија и проекти

Од:

Очигледно е дека СДСМ во крајна безидејност и очајност во понудата на програмски решенија и проекти, во периодот пред почетокот на кампањата за следните локални избори ќе настапува со празни флоскули, лаги и манипулации, велат од Движењето ЗНАМ за наша Македонија.

Притоа велат дека:

„За конкретниот случај сакаме да ја информираме јавноста дека сите судии и јавни обвинители кои службено биле инволвирани во предметот се избрани или именувани во времето на седум годишниот владин мандат на ДУИ и нивниот , зависен партнер, привезок СДСМ. За разлика од зависноста што ја имаше СДСМ од ДУИ во водењето на
Македонија кон амбисот, националната катастрофа и предавството од епски размери на државните интереси, Движењето ЗНАМ за наша Македонија е сам на своето, со свои автохтони политики, со одлука за самостоен настап на следните локални избори и рамноправен партнер со ВМРО-ДПМНЕ во Владата на Република Македонија.

За овој предмет правдата конечно излезе на виделина. Пред претседателските избори во 2024 година Претседателот Димитриевски рече дека тоа е политички монтиран процес од страна на урбано-политичко бизнис спрега позната во општината. Го бранеше јавниот интерес и тогаш и сега ги застапува интересите на граѓаните. Во текот на процесот помина низ долго патешествие и присуствуваше на секое рочиште пред судот, со сите опструкции од тогашната власт за време на кампањата за Претсетелските и Парламентарните избори.

Во таа судска постапка беа презентирани многу факти и аргументи во форма на докази од адвокатскиот тим кои ги побија обвинувањата и потврдија дека тој работел по закон, во заштита на јавниот интерес. Во овој предмет Правдата победи! Ја поздравуваме одлуката на Јавното обвинителство дека нема основа за кривична одговорност за злоупотреба на службената положба и докази, да се повлече обвинението против градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски.

На СДСМ им препорачуваме, наместо главен фокус во нивното делување да им биде работата на Движењето ЗНАМ за наша Македонија, да си се посветат на консолидација на сопствениот двор.

Како тргнале, се поставува прашањето на нивниот егзистенцијален опстанок после локалните избори. Заглибени во минатото, со стариот начин на размислување и начинот на кој ја малтретираа Македонија и сите нивни граѓани цели седум години, СДСМ не се во состојба да ја видат вистината и иднината. Вистината е дека на вистинските социјалдемократи им се разјаснуваат штетните политики на раководствата на СДСМ, двоецот Заев-Филипче т.н. златни дечки, кои после дебаклот што ќе го доживеат на локалните избори во првите седум дена потоа се спремни да емигрираат во Дубаи. И на крајот, да ја употребиме изјавата на нивниот градоначалник во Струмица. Им посакуваме среќа во кампањата за локалните избори и да освојат барем една општина во Македонија, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Караванот наречен „Со срце за нашата општина“ на Движење ЗНАМ во повеќе градови низ Македонија

(ВИДЕО) Потпретседателот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Павле Арсоски денеска на средби во Вевчани и Струга

Горан Наумовски

Димитриевски очекува победа на неговата партија во општините каде ќе имаат свои кандидати за градоначалници

Димитриевски: Никогаш нема да поддржиме промена на Уставот доколку не се направи јасна дистинкција на македонскиот јазик

Горан Наумовски

Максим Димитриевски денеска едногласно е избран за претседател на партијата Движење ЗНАМ за наша Македонија

Горан Наумовски

Димитриевски: Денеска ЗНАМ е сериозен политички субјект, кој активно ги креира државните политики и е составен дел на власта

Горан Наумовски