Движењето за Национално Единство на Турците ја осудува бруталноста на припадниците на МВР кон пратениците

Од:

„Властите во Р. Македонија направија пуч во Собранието газејќи ги сите демократски придобивки на Р. Македонија. Пратениците буквално беа влечкани и тепани од полицајци по наредба на нивните претпоставени. На избраниците на народот им беше одземено гарантираното работно место за претставување на граѓаните од кои се и избрани.

Движењето за Национално Единство на Турците е згрозено од овој настан и најостро ја осудува бруталноста и силеџиското однесување на припадниците на МВР. Особено нападот врз жените пратеници е преседан во светот и тоа покажува дека со ова власт демократијата дефинитивно во Македонија е минато. Нашиот пратеник во Собранието на Р. Македонија избран од страна на Турците го бранеше Уставот, законите и деловничката процедура или со други зборови се залагаше за владеење на правото и правната држава. Но, за жал тоа право е суспендирано од страна на припадниците на МВР на најбрутален начин со видни модрици и телесни повреди по телото на пратеникот и претседателот на ДНЕТ чие конструктивно однесување е добро познато на јавноста на Р. Македонија.

На овој начин претседателот на Собранието ги суспендираше и сите Турци кои што беа претставени од страна на нашиот пратеник. Бидејќи не постојат нормални услови за работа и претставување на Турците во Собранието на Р. Македонија го замрзнуваме нашето учество се додека не се воспостави нормален режим на владеење и демократија во Р. Македонија.

Изјавата на Премиерот дека жали за бруталноста према новинарите, а одобрува силеџиство врз пратениците сметаме за фашизоидна изјава со говор на омраза и нетрпеливост. Исто така изјавата на Претседателот на државата по втор пат не разочара и наместо да ги брани пратениците тој званично завзема страна во насилието и суспендирањето на правото на слободен говор во Собранието.

Бидејќи со оваа изјава на претседателот на Македонија е засегната и ДНЕТ поради својот претставник во Собранието, најодговорно и во името на мнозинството Турци во земјата изјавуваме дека тој понатаму не е претседател на Турците чии претставници сме ние.

ДНЕТ со сите демократски методи ќе соработува со сите демократски сили во земјата за враќање на земјата во насока на Европски вредности и стандарди согласно на меѓународните норми за заштита на правата и слободите на граѓаните и оневозможување на тоталитарен режим карактеристичен на актуелната влада на Р. Македонија.

Во оваа прилика особено најостро го осудуваме нападот врз новинарите во Собраниската сала која за цел имаше да го скрие пучот т.е. бруталноста и силеџиството врз пратениците. Овој обид е непримерен, груб и недозволен за земја која е кандидат за влез во ЕУ и НАТО“, се вели во соопштението на Движењето за Национално Единство на Турците, во врска со бруталниот упад на полициските сили во Собранието на Република Македонија.

.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски