Движењето за национално единство на Турците ќе ги бојкотира локалните избори

Од:

Движењето за национално единство на Турците и нивниот пратеник и претседател, Ердоган Сарач, соопштија дека како дел од „Сојузот за иднината“ нема да учествуваат на локалните избори и ќе ги бојкотираат.

„Ова го правиме за иднината на земјата и благосостојбата на граѓаните. Исто така, сакам да имате сознание дека овој потег го правам и за подобрата иднина и стабилност на Турците во Македонија. Затоа, изјавувам дека согласно 24 март 2013 давам оставка од позицијата пратеник во Собранието на Република Македонија. Убеден сум дека во новиот период Движењето за национално единство на Турците ќе се врати посилно и сакам и вие да бидете убедени во тоа. Процентот на претставување на Турците во владата ќе биде поголема и праведно ќе се решат сите проблеми на Турците“, соопшти Сарач.

„Несензитивноста на власта и недостигот на капацитетот за владеење на државата, ненаоѓање решенија за сиромаштијата, задолжувањето и невработеноста, вршење притисок врз населените, притисок врз вработените во јавните претпријатија, како и целосно во земјата, непристапување на дијалог со опозицијата ја донеса земјата да го изгуби меѓународниот кредибилитет и авторитет што го имаше. При донесувањето на буџетот на државата власта ја покажа својата демократија газејќи ги сите уставни и деловнички начела употребувајќи сила со помош на полиција да ги тргне 42-те народни избраници-пратеници од парламентот.

– Ова е преседан за една земја кандидат за ЕУ кој што не е виден во ниту една земја членка. На 24 декември со овој потег Владата ја турна демократијата во земјата во мрак нанесувајќи голем удар. Поради овие причини партиите од опозицијата што го сочинуваат „Сојузот за иднината“ како решение на оваа ситуација побараа предвремени парламентарни избори“, вели Сарач.

„За неправилностите на парламентарните избори во 2011 година ОБСЕ, ОДИХР и Венециската конвенција дадоа шест главни и 22 попратни препораки за изборниот законик. Владата, за жал, не земајќи ги во предвид овие препораки ги објави локалните избори со стариот изборен законик. За жал, напорот на меѓународната заедница и на европретставниците не вродија плод и владата не ги прифати сите коректни предлози на опозицијата“, додава тој во соопштението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“

(ВИДЕО) Шабани: Сите изборни органи да ги следат насоките од ДИК и да не ги попречуваат медиумите во извршувањето на нивната работа

ОДИХР: Набљудувачите ги следат сите аспекти поврзани со изборите, не е битен само денот на изборите, туку и предизборните процеси

Обвинителство: Денешниот изборен ден поминува генерално мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес

Горан Наумовски