Караванот „Со срце за нашата општина“ на движењето „ЗНАМ За Наша Македонија“ во посета на Битола, Лозово, Бутел, Богданци и Дојран.
Во пресрет на претстојните локални избори, градот на конзулите, Битола беше дел од караванот “Со срце за нашата општина” на Движењето ЗНАМ За Наша Македонија, кое сѐ посилно ја шири својата визија за одговорна, транспарентна и народно ориентирана локална самоуправа.
Потпретседателот на ЗНАМ, генерал Павле Арсоски кој го предводеше караванот, обраќајќи им се на присутните нагласи:
„Ние не ветуваме невозможни проекти, туку нудиме искрена, чесна и остварлива програма, креирана заедно со граѓаните.
Затоа овој караван патува низ Македонија – за да слушне, запише и прерасне во вистински глас на народот“.
На средбата граѓаните ги споделија проблемите со кои се соочуваат во секојдневието, како и нивните очекувања од идните локални власти.
Членовите на Извршниот одбор, Јасмина Петковска и Викотр Јовановски ги презентираа клучните приоритети на Движењето засновани на потребите на обичниот човек: подобрување на инфраструктурата, поддршка за младите и семејствата, развој на локалната економија и враќање на довербата во институциите. Тие исто така се задржаа и на главните принципи на
движењето: почит кон секој граѓанин, одговорност во управувањето и визијата за современа, и европска Македонија.
Потпретседателката на ЗНАМ Весна Бендевска го предводеше караванот „Со срце за нашата општина“ во Лозово, каде што заедно со членот на Извршниот одбор, Злате Мехмедовиќ, имаше конструктивна средба со граѓаните и активистите на партијата. При тоа се разговараше за идните активности на Движењето и неговото јакнење на локално ниво.
Во фокусот беа теми поврзани со организацискиот раст, теренската мобилизација и подготовките за претстојните локални избори.
„Изминатиот период го искористивме за значајно унапредување на нашетоприсуство на терен – низ формирање силна општинска структура и ангажирање нови, мотивирани кадри. Со непосредниот контакт со граѓаните добиваме вредни согледувања и предлози за локалните решенија. Веруваме дека вистинската промена почнува од теренот – со луѓе што се искрено посветени на заедницата“, рече Бендевска.
На средбата се разговараше и за критериумите за утврдување на кандидати за советници, како што се: искуство, углед меѓу жителите, ангажман во локалната средина, вредносен интегритет и подготвеност за работа во интерес на општината.
Иницирани се чекори за креирање на развојна програма за Лозово, која ќе се темели на реални предизвици и приоритети, со вклучување на стручно мислење, поддршка од граѓанските организации и партнерство со локалниот бизнис сектор.
Караванот „Со срце за нашата општина“ ја посети и Општинската организација во Бутел кој го предводеше Горан Минчев, генералниот секретар на партијата заедно со Миодраг Лабудовиќ, претседател на Градската организација, пратеничката Даниела Белимова и членовите на градскиот одбор: проф. д-р Билјана Андреска Богдановска, Генерал Горанчо Котески, Љупчо Марковски Калц, д-р Горан Ајдински, Мишко Барзов, Александра Цветановска, Ѓорѓи Чековски, Марија Тодоровска и Владимир Гиновски.
Состанокот со членството помина во позитивна атмосфера, исполнета со одлични дискусии кои донесоа богатство од идеи и предлози за кои ќе придонесат во подобрувањето на квалитетот на животот на секој граѓани.
„Секоја посета е доказ дека Движењето ЗНАМ сериозно расте, како по бројот на членови, така со довербата кај граѓаните која е од ден на ден поголема, затоа што ЗНАМ е подготвено да испорача вистинска вредност за нашите општини“, рече генералниот секретар, Минчев.
Средби со локалните раководства на општинските организации на ЗНАМ во Богданци и Дојран, во рамките на теренските активности “Со срце за нашата општина “, оствари претседавачот на Централниот одбор на партијата, Игор Филков.
Во работна атмосфера беа разменети информации за одржаниот Втор Конгрес на партијата, како и за отчетот на носителите на јавни функции од редовите на Движењето ЗНАМ За Наша Македонија во Владата на Република Македонија. Се разговараше отворено и за критериумите и начинот на кој ќе се составуваат кандидатските листи за советници во општините Богданци и Дојран, а стана збор и за активностите за утврдување на новите локални политики и проекти со кои ќе се настапи на претстојните локални избори.