Двеста и двајца возачи во Скопје возеле побрзо од дозволеното

Од:

Двеста и двајца возачи изминатиот викенд во Скопје возеле со поголема брзина од дозволената, а 45 биле под дејство на алкохол.

Според полицискиот билтен, за време на викендот се случиле 31 сообраќајна незгода, а 26 лица се здобиле со полесни повреди. Во 13 сообраќајки е причинета материјална штета.

Од сообраќај се исклучени 47 возачи кои возеле пред да се стекнат со правото на управување на моторно возило и 11 возачи почетници.

Сообраќајната полиција исклучи од сообраќај и 39 нерегистрирани возила, а напиша и 120 казни за непрописно паркирање.

На црвено светло поминале 16 возачи, а седум не им дале предност на пешаци на обележан пешачки премин.

Дваесет и четворица возачи на мопеди и моторцикли не користеле заштитни шлемови.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски