Две жени повредни во сообраќајка на автопатот Гостивар-Тетово

Од:

Две жени од кичевска Пласница се тешко повредени во сообраќајна несреќа која утрово се случила на автопатот Гостивар-Тетово. Тие патувале во возило кое се превртело во близина на „неготинска клучка”, информираат од СВР Тетово.

Автомобилот „хјундаи-акцент” што го управувал Р.Н. (68) од Пласница Кичевско од сé уште неутврдени причини изгубил контрола и удрил во заштитниот ѕид. Од ударот возилото се првртело на коловозот при што двете сопатнички Б.Н. (43) и М.Н. (38) се здобиле со тешки повреди. Набрзо по несреќата, биле згрижени во гостиварската болница, а потоа како итни случаи се пренесени на скопските клиники.

Заради увидот кој се вршел, сообраќајот беше пренасочен на локалниот пат.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он