Две велешки училишта добија нови клупи и столчиња

Од:

ООУ „Св Кирил и Методиј“ и гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес денеска добија нови клупи и столчиња. Како што информираат од општина Велес, набавени се вкупно 434 столчиња и 217 клупи.

Поголем дел од нив се распределени во ООУ „Св. Кирил и Методиј“, односно 150 клупи и 300 столчиња. Остатокот од 67 клупи и 134 столчиња се доделени во гимназијата „Кочо Рацин“.

Градоначалникот Славчо Чадиев денеска изврши обиколка и увид во новиот инвентар во ООУ „Св Кирил и Методиј“.

– Набавката на овој инвентар е дел од проектот Реконструкција на основни и средни училишта, во кој беа вклучени овие две образовни институции од Велес. Иако не беше планирано, сепак од реконструкцијата во првата фаза останале средства кои Министерството за образование се одлучи да ги искористи за овој корисен начин, потенцира Чадиев.

Како што изјави директорката на училиштето Анита Мирчева, тие се задоволни од новите клупи и столчиња кои, како што потенцира, во многу ќе придонесат за поудобно изведување на наставата.

Од општина Велес информираат дека новите клупи и столчиња се стандардизирани и прилагодени на потребите на учениците од основното и средно образование.

Би можело да ве интересира

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето