Две тракторски несреќи во малешевскиот регион

Од:

Во текот на вчерашниот ден во Беровскиот регион се случиле две сообраќајни несреќи, а возачите на тракторите се здобиле со тешки телесни повреди. Портапролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова денеска информираше дека првата несреќа се случила кај местото викано „Бричките“ во атар на село Двориште.

Педесет и четиригодишниот Б.Ц. од Берово, управувајќи трактор „ИМТ“ со беровски регистарски ознаки на кој била и неговата сопруга И.Ц., изгубил контрола над тракторот и се превртел, при што се здобил сотешки телесни повреди и со возило на Итната медицинска помош Берово бил пренесен во болницата во Струмица, вели Панајотова.

Втората несреќа се случила во атарот на село Русиново, каде што 63 -годишниот А.Г. стартувајќи го тракторот „Фиат“, со беровски регистарски ознаки, изгубил контрола, се превртел, при што се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итната медицинска помош Берово бил пренесен во Клиничката болница Штип. Увид на местото во двете несреќи извршила увидна екипа на Полициската станица-Берово.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски