Две сообраќајки во тетовско, полесно повредени шест лица

Од:

Недржење растојание и пребрзо возење се причините за двете сообраќајни несреќи што се случиле во тетовско во текот на вчерашниот ден. Во сообраќајките полесно се повредени шест лица, а причинета е материјалната шета од околу 80 илјади денари, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Првата од сообраќајките се случила  околу 10 часот на локалниот пат Тетово-Требош и во неа учествувале автобус „Мерцедес“ со тетовски регистерски таблици управуван од Б.Д.(34) од Сараќино и патничко возило „Шевролет спарк“ со прилепски таблици што го управувала С.П.(54) од Прилеп.

– Во несреќата со телесни повреди задобила 38-годишна сопатничка од автобусот која била пренесена во тетовската Клиничка болница и по укажаната помош била пуштена на домашно лекување. Според првичните податоци од извршениот увид причина за сообраќајката е недржење растојание. Материјална штета се проценува на 50 илјади денари, рече Јосифовски.

Втората несреќа  се случила на локалниот пат Раковец-Пирок вчера попладне околу 16 часот и 20 минути. Во неа со телесни повреди се здобиле пет лица откако  патничко возило „Опел зафира“ со странски таблици управувано од А.О.(35) од Пирок загубило контрола, удрило во бетонска шахта и излетало од коловоз.

– Повредените  пет сопатници во возилото на возраст од 10 до 35 години, сите од Пирок, со друго возило биле пренесени во Тетовската болница и по укажаната помош сите биле пуштени дома. При увидот било утврдено дека причина за излетувањето е неприлагодена брзина според условите на патот, односно пребрзо возење. Материјалната штета се проценува на 30 илјади денари, рече Јосифовски.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он