Две сообраќајки во Битола, повредени девет лица

Од:

СВР-Битола соопшти дека синоќа во градот се случиле две сообраќајки во кои лесно се повредени седум лица, а две се задржани на лекување во Клиничка болница.

Во двете сообраќајки учесници се момчиња од 20 до 30 годишна возраст од Битола и Прилеп, а причините за сообраќајките се истражуваат, истакна Сања Стаматова портпарол на СВР-Битола.

– Првата сообраќајна незгода се случи на булевар „1. Мај“, на раскрсницата со кружен тек, односно на местото викано „Црн Мост“. Во сообраќајката учествувале две патнички возила – „хјунадаи пони“  со битолски регистерски таблици и „фолксваген голф“ со прилепски регистерски таблици. Во двете возила имало по четири патници, сите претрпеле лесни телесни повреди, а едно лице е задржано на лекување во Клиничка болница-Битола, потврди Стаматова.

Во втората сообраќајна несреќа што синоќа се случи на улицата „8.Септември“ во Битола, учествувале момчиња, а едното од нив заради скршеници е задржано на лекување.

– Втората сообраќајка се случи во населбата Горно Оризари на ул.„8. Септември“, а во неа учествувале возач на моторцикл марка „јамаха“ и возач на „форд фокус“ и двајцата од Битола. Заради скршеници моторциклистот е задржан на лекување во Клиничката болница, додека возачот на патничкото моторно возило е пуштен дома. И за оваа сообраќајка нашите екипи поведоа истрага, посочи Стаматова.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени