Две сообраќајки на автопатот Тетово-Скопје предизвикани од кучиња скитници

Од:

Две сообраќајни незгоди предизвикани од кучиња скитници и во кои е причинета само материјална штета, се случиле вчера на автопатот Тетово – Скопје, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Првата сообраќајка се случила околу 14 часот кога патничко возило „Пежо“ со скопски регистерски таблици што го управувал С.Ј(28) од Скопје удрило во куче-скитник, при што причинета е материјална штета од околу 20 илјади денари.

– Околу 21 часот на овој автопат во непосредна близина на клучката за Камењане, патничко возило „Мерцедес“ со албански регистерски ознаки, управувано од 47-годишниот албански државјанин А.О, исто така удрило и усмртило куче-скитник.Причинетата материјална штета се проценува на околу 10 илјади денари. Извршен е увид и се расветлуваат поединостите поврзани со двете сообраќајни несреќи, изјави Јосифовски.

Според неговите податоци во изминатите речиси девет месеци на патиштата на тетовското подрачје и пред се на автопатот Тетово-Скопје се случиле вкупно 45 сообраќајни несреќи што најдиректно ги предизвикале животни, при што 43 со кучиња-скитници и 2 зајаци на кои налетале возилата.

Во сообраќајките немало потешко повредени или загинати, но како што рече Јосифовски, материјалната штета е значителна, а во некои од несреќите, покрај удирањето, се случило и излетувања на возилата од коловозот.

Минатата година вкупниот број сообраќајни несреќи со животни во Тетово и Тетовско изнесувал 74. Според Јосифовски останува потребата да се реконструира заштитната ограда покрај автопатот со што во значителна мерка би се оневозможило и спречило влегувањето на кучињата и другите животни на патот.

Би можело да ве интересира

Голема несреќа во Сеул: Автобус удри пешаци, 13 лица се повредени, двајца се тешка здравствена состојба

Горан Наумовски

МВР: 18-годишник кој е во бегство ја прегази жената во скопската населба Капиштец

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

Десетина возила учествуваа во три сообраќајки на автопатот Тетово – Гостивар

Горан Наумовски

Во несреќата кај манастирот Св.Јован Бигорски загинаа двајца жители од гостиварското село Видуше

ЦУК: Возило падна во реката Радика, има загинати во несреќата

Горан Наумовски